Родена e во Струга во 1928 година, архитектонското образование го завршила на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград. По дипломирањето се вработила во Институтот за народна архитектура при Техничкиот факултет во Скопје, а во 1954 г. била избрана за асистент на Архитектонскиот факултет. Во 1965 год. се вработила во Градскиот завод за Урбанизам како самостоен проектант и раководител, каде од 1986 г. сѐ до пензионирањето во 1989 г. била директор.
Во богатата и наградувана кариера, за Несторова-Томиќ се издвојува дека како дел од тимот на Градскиот завод за урбанизам и архитектура, каде работела на Деталниот урбанистички план за скопската Стара чаршија, на реконструкција на Сули ан, на ревитализација на Старата чаршија и санација на Чифте амам, „Менада”, Комлексот занаетчиски дуќани, авторка е на проектот за стоковната куќа „Беко“, на Музејот на Македонија (со Кирил Муратовски), станбени згради, работела реконструкција на ентериерот на Универзалната сала и била една од урбанистите кои работеле во тимот за разработка на Генералниот урбанистички план на Скопје со Пол Сервис и во тимот на Кензо Танге, по наградениот проектот од ОН, од јапонскиот архитект Кензо Танге, на обновувањето на Скопје после земјотресот.
Мимоза Несторова Томиќ ќе биде погребана денеска на градските гробишта Бутел во Скопје.