сабота, 27 јули 2024

Почина Мексиканец заразен со нов вид на птичји грип

Светската здравствена организација (СЗО) го потврди првиот смртен случај на човек заразен со подтипот на птичји грип Х5Н2. Тоа е и прв случај на инфекција со птичји грип во Мексико. „Ова е прв лабораториски потврден случај на инфекција со птичји грип од подтип А (Х5Н2) кај луѓето и прва инфекција со вирусот Х5 во Мексико“, се вели во соопштението на СЗО.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

СЗО наведува дека мажот не бил изложен на живина или други животни. Во април добил треска, отежнато дишење, дијареа, мачнина и општа слабост, а една недела подоцна побарал лекарска помош. Тој починал истиот ден поради компликации. Мажот имал хронична бубрежна болест, дијабетес тип 2 и висок крвен притисок, соопшти мексиканското Министерство за здравство.

Ниту еден од луѓето кои биле во контакт со него не се заразиле, а изворот на инфекцијата не е идентификуван. Мексиканското Министерство за здравство соопшти дека ризикот од инфекција кај населението е низок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ