четврток, 23 мај 2024

Почина мажот кој се самозапали пред судницата каде во тек е судењето на Трамп

Почина мажот кој се самозапали пред зградата на судот во Њујорк каде што му се суди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, објави Ен-би-си њуз. Максвел Азарело бил „прогласен за мртов од болничкиот персонал“, изјави полицијата за Ен-би-си њуз во телефонски повик.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Времето на смртта не е наведено. Азарело, маж во своите 30-ти години од Сент Августин, Флорида, фрлал памфлети со теорија на заговор во воздух пред да се самозапали вчера во област наменета за демонстранти за и против Трамп.

Тој од торбата извадил канистер за кој се верува дека имал запалива течност, а потоа со неа се самозапалил, соопшти полицијата. Полицајци и цивили втрчале во зоната на протестот и се обиделе да го изгаснат пламенот користејќи палта и противпожарни апарати.

Четворица полицајци се здобиле со полесни повреди од изложување на оган, соопштија властите.

Џозеф Кени од њујоршката полиција им рече на новинарите: „Изгледа дека памфлетите се засновани на пропаганда, всушност некаква теорија на заговор. Некои информации во врска со Понзиевата шема и тврдењето дека некои од нашите локални образовни институти се фронт за мафијата. Значи, теорија на заговор“.

Пожарот избувна откако изборот на поротата за судењето на Трамп заврши со 12 лица и шест заменици, избрани да одлучат дали поранешниот американски претседател ги криел исплатите на жените кои тврделе дека имале афера со него.

Кампањата на Трамп вчера објави соопштение во кое изразува „сочувство до трауматизираните сведоци“ по пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ