Далипагиќ е роден во Мостар во 1951 година, популарниот Праја е член на Куќата на славните и освојувач на трофеите на најголемите натпреварувања на клупско и репрезентативно ниво. Вкупно 10 години од својата кариера помина во Партизан каде се уште е најдобар стрелец со 8.278 поени и тоа постигнати во период кога уште не се сметаа тројки.
Со Партизан освои две титули во југословенското првенство и една во Купот на Југославија, а триумфираше и два пати во поранешниот Куп „Радивој Кораќ“. Играше и за Венеција, Реал Мадрид, Удине, Верона, а интересно е тоа што кариерата ја заврши во Црвена Звезда во 1991 година, на 40-годишна возраст.
Со репрезентацијата на Југославија освои вкупно 13 медали од големите натпреварувања од кои три злата на европските првенства (1973, 197 5 и 1977) и по едно на олимписките игри (1980), светските првенства (1978) и медитеранските игри (1975). Во 1991 година, ФИБА го прогласи за еден од најдобрите 50 кошаркари на сите времиња и еден од најдобрите 50 што играле во Купот на шампионите.
По играчкото пензионирање, Далипагиќ почна и тренерска кариера, но таа кратко траеше. Водеше само три екипи меѓу кои краток период и МЗТ Скопје, во сезоната 1998/99.