сабота, 27 јули 2024
Тажна вест од Германија

Почина легендата на германскиот фудбал, Франц Бекенбауер

Уште една голема фудбалска легенда замина од овој свет, на 78-годишна возраст почина Франц Бекенбауер.

Објавено на

часот

Сподели

Тажната вест ја објави неговата сопруга.

„Со најдлабока тага соопштувам дека мојот сопруга и нашиот татко, Франц Бекенбауер, вчера почина мирно во сон, опкружен со своето семејство. Семејството сака да тагува во тишина и бара сите да се воздржат од било какво поставување на прашања“, се вели во објавата на сопругата за смртта на Франц Бекенбеуер.

Франц Бекенбауер важеше за една од најголемите легенди во фудбалот. Тој е еден од деветте играчи кои освоиле Светско првенство, Европско првенство и Златна Топка.

Тој е еден од тројцата кои освоиле Светско првенство како фудбалер и како тренер.

13 години од фудбалската кариера помина во Баерн Минхен, потоа се пресели во Њујорк Космос каде играше три години, се врати во Германија, во тимот на Хамбургер, но кариерата ја заврши во Њујорк Космос.

Како тренер шест години беше селектор на Германија, а го водеше и Баерн Минхен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ