Луковски беше тренер на Работнички и МЗТ Скопје, а работеше и во Борец од Велес.
Најголемите успеси ги има со Работнички каде прво настапуваше како кошаркар, а потоа беше тренер. Со македонскиот тим успеа да го освои третото место во првенството на СФР Југославија во сезоната 1991/92, а девет години претходно да дојде и до финалето од Купот на Југославија.
Јанко Луковски беше селектор и на јуниорската репрезентација на Југославија.
Во 2003 година во Нови Сад отвори кошаркарска школа, во овој српски град остана да живее до крајот на животот.