сабота, 27 јули 2024
Жална вест

Почина хумористот Војче Китановски

Почина Војче Китаноски, човекот кому заштитен знак му беше хуморот и кој со децении ја забавуваше македонската публика. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објавија неговите пријатели и познати личности. Китановски пет децении ја развеселуваше македонската публика со неговите шеги и незаборавни имитации. За себе велеше дека е првиот стенд ап комичар во поранешна Југославија.

Објавено на

часот

Сподели

Роден во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод. Китановски завршил гимназија во Кичево, дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје, а подоцна и на туризам по желба на неговите родители и имал лиценца за туристички водич.

За одбележување е и неговата соработка со легендарниот српски пејач Тома Здравковиќ од 1985 до 1991, при што гостувал на стотици негови концерти во екс-Југославија. Претходно, во 1983 година во Штип, менаџерот на Мики Јевремовиќ го ангажирал да гостува на сите десетина концерти на познатиот пејач во Македонија, што за него била голема отскочна штица. Подоцна бил ангажиран да го придружува Јевремовиќ и на концерти низ поранешна Југославија, кога го забележал менаџерот на Здравковиќ.

За Китановски хуморот е најдобра вакцина и го продолжува животот.

„Јас се занимавам со хумор 50 години, а поради тоа ќе се занимавам уште 500 години. На народот во државата му значи хуморот. Тој е најдобриот лек“, знаеше да каже Китановски.

На Денот на независноста 8 Септември во 2017, Китановски ги пречекуваше граѓаните кои влегуваа во дворот на Владата облечен како Тито. Многумина застануваа и се сликаа со него, а тој ги поздравуваше како маршалот.

Китановски е автор на книгата „Антологија на 500 вицеви за деца“ и на „Енциклопедија за хумор“, во која, преку своите доживувања и анегдоти раскажува за својот живот.

Причината за смртта на Китановски сè уште не е позната. Како што пренесоа некои медиуми полицијата го пронашла безживотното тело во неговиот дом.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ