Кондовска беше новинар, коментатор и уредник на Редакцијата за култура и уметност на ТВ Дневникот на МТВ, каде што го мина најголемиот дел од работниот век. Во 1992 година, мина во Културната редакција на МТВ. Зад себе остави големо новинарско наследство, како уредник на серија емисии за македонските цркви и манастири, портрети на современи писатели, композитори, драмски, музички, балетски и ликовни уметници, а беше и автор на емисии од историјата на македонскиот театар, градот Скопје и други.
Кондовска работеше и за весниците Нова Македонија, Вечер, Културен Живот и други.
Погребот на Хилда Кондовска ќе се изврши денеска на градските гробишта во Бутел, во кругот на семејството.