сабота, 27 јули 2024

Почина фолк пејачката Атина Апостолова

Доајенката на македонската фолк музика, Атина Апостолова, денеска е пронајдена почината во нејзиниот дом во Скопје.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Веста за нејзината смрт, пренесе МИА, ја објавила пејачката Вики Среброва, а објава на фејсбук има и нејзината ќерка.

Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година. Дипломирала на Економскиот факултет во Скопје. Таа ќе остане запаметена по големиот број хитови, меѓу кои „Ако грешам, грешна да сум јас“, „Пејте, пејте еј, мераклии“, „Усни румени“,„Цела вечер ќе ти пеам, а ти крши чаши“, „Верувај ми“…

Минатата година ја доби наградата за животно дело на фестивалот „Тумба Фест” во Куманово. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ