сабота, 27 јули 2024
Жална вест

Почина Ферус Мустафов, легендата на ромската музика

Објавено на

часот

Сподели

Неговите пријатели и почитувачи веќе се простуваат од музичката легенда на социјалните мрежи.

Ферус Мустафов е роден во Штип во 1950 година, во ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на 17- годишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. Ја напушта академијата откако на покана од бенд предводен од Тома Чрчев, оди на турнеја, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар.

Во неговата богата музичка кариера има настапувано во голем број земји во светот, а снимил и десетина албуми, главно со инструментални композиции.

По неговата желба, Ферус ќе биде погребан на гробиштата во Штип. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ