вторник, 21 мај 2024

Почина Џаро, еден од најпознатите менаџери од бивша Југославија

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, но исто така беше познат како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто што самиот никогаш не го криеше и отворено зборуваше за тоа.

Објавено на

часот

Сподели

Своевремено тој ќе изјави дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.

Огранизираше  турнеи за Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена…

Неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска напиша книга „Џаро – живот на коцка“ за возбудливиот живот на менаџерот Велибор Џаровски-Џаро, нејзиниот татко.

Книгата е преведена на македонски јазик во издание на издавачкиот центар „Три“. Напишана е уште пред шест години, но на српски јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ