сабота, 27 јули 2024

Почина Дашмир Беари, селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 17 години

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години, Дашмир Беари ненадејно почина.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот фудбал загуби голем спортски работник, почина тренерот Дашмир Беари на 50-годишна возраст.

Неговата последна работа беше улогата на селектор на македонската репрезентација до 17 години.

Беари беше поранешен тренер на Ренова, Гостивар, Дрита, Влазерими, а беше помошник и во саудиски Ал Раед. Во минатото беше селектор и на македонските селекции до 15 и до 19 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ