понеделник, 21 октомври 2024

Почина Будимир Лончар, последниот шеф на дипломатијата на СФРЈ

На 101-годишна возраст почина Будимир Лончар, поранешен дипломат. Хрватските медиуми јавуваат дека Лончар бил пронајден мртов во морето на островот Угљан, по што очевидци веднаш повикале брза помош и полиција.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во Преко, местото каде што е роден на 1 април 1924 година, почина Будимир Лончар, дипломат, партизан, светски државник, мој пријател“, објави Твртко Јаковина, автор на биографијата на Лончар, „Будимир Лончар: од Преко до врвот на светот“.

Се истражуваат околностите на настанот и дека Лончар и на 101-годишна возраст се уште бил многу витален.

Беше министер за надворешни работи на СФРЈ во владата на Анте Марковиќ во турбулентните години пред распѓањето на федерација и во првиот период на воените дејства. Лончар беше специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за Движењето на неврзаните и советник на двајца хрватски претседатели.

Тој на 1 април годинава го прослави 100-от роденден и пензионерските денови претпочиташе да ги поминува во родниот Преко, каде што починал.

Лончар на пошироката јавност ѝ е познат како поранешен хрватски и југословенски дипломат, а јавноста го памети и како последен министер за надворешни работи на СФРЈ.

Бил и член на партизанското движење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ