„Изразуваме длабоко сочувство до семејство и неговите најблиски“, објави Турскиот театар на Фејсбук.
Мустафа Јашар е роден на 19 август 1946 година во Куманово. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, а од 1971 година работел како актер во НУ Турскиот театар – Скопје. Учествувал во многу филмски и телевизиски проекти и одиграл повеќе од 100 улоги во Турскиот театар.
„Претставите како Алиш 1974, Дервиш и смрт 1976, Лудата Емине 1984, Јунус Емре 1991, Хамлет 1995, Азизнаме 2005 , Куќа на граница… се само неколку од неговите познати изиграни претстави“, наведува Турскиот театар.
Тој бил добитник на многу награди, меѓу кои награда за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал на античка драма Стоби, награда за најдобар актер на МТФ Војдан Чернодрински и други.