сабота, 27 јули 2024
Жална вест

Почина академскиот сликар Илија Аџиевски

Доајенот на македонската ликовна уметност, Илија Аџиевски почина денеска на 97-годишна возраст.

Објавено на

часот

Сподели

Аџиевски е роден во Струга во 1926 година. Академија за ликовна уметност завршил во Загреб во 1954 година, во класата на професорот Франо Кршиниќ. Автор е на голем број споменици, монументални керамички релјефи, парковски скулптури, портрети на познати личности од јавниот и културниот живот. Учесник е на значајни национални и интернационални изложби. 

Погребот е закажан за утре во 14 часот, на градските гробишта во Струга. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ