„Пациентот В.Ц. (роден 2006 година), кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад и кој по лекување во Клиничкиот центар во Војводина, беше примен на Воено-медицинската академија на 29 јануари 2025 година, почина на 21 март 2025 година и покрај преземените максимални мерки на воено-медицинска установа и компликации“, соопшти ВМА, изразувајќи длабоко сочувство до семејството на починатото момче.
Црнчевиќ е 16-та жртва во несреќата што се случи на 1 ноември 2024 година.
Веста за смртта на Црнчевиќ ја објавија и студентите во блокадата на своите профили на социјалните мрежи.
Тој на 29 јануари годинава, по барање на неговата мајка, од Клиничкиот центар Војводина бил префрлен на Воено-медицинска академија во Белград на продолжување на лекувањето.
Пред економското училиште „Светозар Милетиќ“ во Нови Сад, каде што учело момчето, на половина копје беше истакнато црно знаме, како и пораки од учениците. Граѓаните палат свеќи и носат цвеќе.