сабота, 21 декември 2024

Почина 14 месечно бебе, надлежните со вонреден надзор на Клинката за детски болести и Клиниката во Козле

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни заболувања кај деца, Козле, каде се лекувало 14 месечното бебе кое почина утрово, изјави директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов. Министерството за здравство (МЗ) пак, ја пренесе информацијата од Клиниката за детски болести каде што утрово бебето било донесено во тешка здрвствена состојба и потврди дека ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во двете клиники.

Објавено на

часот

Сподели

Во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје утрово починало 14-месечно бебе.

Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Кирил Лазов, рече дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни заболувања кај деца Козле, здравствени установи каде се лекувало бебето.

„Со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање на здравствена заштита. Обезбедената медицинска документација и изјавите на здравствените работници ќе бидат проследени до министерот за здравство и ќе се иницира формирање комисија за стручен надзор“, појасни директорот Лазов.

Министерството за здравство (МЗ) пак, ја пренесе информацијата од Клиниката за детски болести каде што утрово бебето било донесено во тешка здрвствена состојба и потврди дека ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во двете клиники.

„Во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе, донесено рано утринава на Клиниката за детски болести, од Клиниката информираат дека е хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции. Настапило рапидно влошување на состојбата, со отежнато дишење, со пад на сатурација.Телото на бебето е пратено на обдукција, по што ќе се утврдат причините за смртта“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ