сабота, 27 јули 2024
Живко Грозданоски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Почеток на крајот на кризата во ДПМ?

„Новиот“ статут ги менува праvилата на играта во Друштвото на писателите. Отвора ли обелоденувањето на новиот статут можност за конечно разрешување на кризата во Друштвото на писателите? Позицијата „претседател на собрание“ е нелегитимна, мандатот на претседателот на ДПМ е две години, отворен е патот за одржување легитимно изборно собрание.

Исцрпувачката криза на Друштвото на писателите на Македонија како постојано да се продлабочува. Но, неодамнешното откривање во јавноста на постоењето на единствениот важечки, легитимен статут на ДПМ не само што укажува на критично важни моменти во однос на работењето на друштвото, туку и отвора конкретни можности за надминување на состојбите.

Неважечкиот статут на ДПМ е од 2009 година, и тоа е статутот на кој друштвото функционираше во последните петнаесетина години. Од друга страна, единствениот важечки статут на ДПМ, депониран во Централниот регистер на РМ, е од 2011 година. Овој статут е достапен секому, а укажува, помеѓу другото, на овие две клучни начела.

  1. Мандатот на претседателот и мандатите на другите органи и на тела на ДПМ изнесува две години, а не четири, како што предвидува неважечкиот Статут од 2009 год, по кој работеше досега ДПМ.
  2. Функцијата „претседател на Собранието на ДПМ“ не постои. Претседателот на ДПМ заседава и со Собранието на ДПМ. Моментално на оваа (непостоечка) позиција се наоѓа поетесата Кристина Николовска.

Во сегашниот миг од постоењето на друштвото, обзнанувањето на единствениот важечки статут на ДПМ е исклучително важно поради две нешта:

  1. Изборното Собрание закажано за во сабота (27.1.2024) е нелегитимно, со оглед на тоа што е распишано според неважечкиот статут од 2009 год.
  2. Со оглед на тоа што двегодишниот мандат на претседателот во оставка Христо Петрески секако му истекува во мај оваа година, Друштвото на писателите на Македонија треба да изнајде начин да се распише изборно Собрание, на кое ќе бидат избрани претседател и Управен одбор, како и другите тела на друштвото.

Пред сè членството на ДПМ, а потоа и јавноста, веќе извесно време ја сведочат кризата на писателската асоцијација. Но, со обелоденувањето на единствениот важечки статут на Друштвото на писателите на Македонија, се добива силен впечаток дека најпосле се има конкретна можност за конечно надминување на проблемите. Доколку важечкиот статут не беш обзнанет, ќе се продолжеше со губење време работејќи според неважечкиот статут, а потоа ќе се губеше време во донесување нов статут. Но, новиот статут веќе е во централниот регистар, и работата може да продолжи согласно неговите начела.

 

Живко Грозданоски,

член на ДПМ

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Тoплински острови во градовите

Дарко Митревски

Да не се лажеме

Стефан Вељановски

Зошто треба да инвестираме повеќе во жените од руралните подрачја?

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ