сабота, 27 јули 2024

ПОЦ во акција, за една недела казна за погрешно паркирање добија 206 возачи

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционирале 206 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Фото: МКД

Објавено на

часот

Сподели

Од ЈП „Паркинзи“ појаснуваат дека во периодот од 01.04. до 07.04.2024 година, со помош на специјалните возила пајак на ЈП ПОЦ биле  отстранети 110 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство блокатор санкционирани биле 96 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Воедно најавуваат дека ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места.Целтта е  да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ