сабота, 27 јули 2024

Победничка презентација на ракометарите пред ЕП во Србија (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Македонските ракометари очекувано славеа со 31-20 (15-10) против комбинираната екипа со играчи од Вардар, Металург, Пролет и Куманово, а засилени и со двајца репрезентативци од поширокиот список, голманот Митревски и бекот Кукоски.

Исполнетото Кале имаше можност да се увери и дека нашиот најдобар ракометар и еден од топ 10-те играчи на ЕП, Кире Лазаров, нема посериозна повреда. Лазаров играше на мечот освен во првите 15 минути, а од тимот на селекторот Звонко Шундовски само пикерот Ванчо Димовски го преседе целиот меч на клупа.

Македонија в петок патува во Ниш, каде што од недела ќе ја започне битката во групата Б со Шведска, Германија и Чешка за пласман во следната фаза. Една победа ќе ни биде потребна за да го продолжиме престојот во соседна Србија.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ