Македонија како третполасирана во групата го заврши настапот на Европското првенство, а триумфот од два разлика над Швајцарија значи дека ќе бидеме извлечени од првиот шешир за баражот за пласман на следното Светско првенство.
Според пропозициите на ЕХФ само една од третопласираните селекции на ова ЕП нема да биде во баражот на носители. Со триумфот над Швајцарија ние го освоивме третото место и имаме подобар скор од селекцијата на Грузија која исто така заврши како трета.
Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски