недела, 20 октомври 2024

Победа над Србија ни гарантира најдобар пласман во историјата

Објавено на

часот

Сподели

Кире Лазаров и другарите во историјата на македонската репрезентација најдобропласирани биле пред три години, на СП во Хрватска во 2009 година, кога го освоија 11. место. Со оглед дека на ракометниот Мундијал десетте селекции пред нив беа европски, пласманот на ова ЕП добива иста тежина. Во претходните два настапи на Македонија на големите турнири, во 1998 година на првото ЕП, бевме последни 12-ти, а една година подоцна на СП во Египет во 1999 бевме 18-ти.

Сега на Македонија ѝ се укажува можност да биде најмногу до десеттото место, но и со многу среќа да стигне до борба за медал. Едно е сигурно, дека со победа над Србија ќе бидеме пред најтрофејната селекција на сите времиња, Шведска. Тоа значи дека не можеме да бидеме 11. и 12. на завршниот пласман. Сè друго зависи и од резултатите од другите мечеви, но најреално е да бидеме седми или осми.

Позната е математиката за полуфиналето, дека треба да се надеваме, или уште повеќе „да дозволи ЕХФ“ два ракометни великани Германија (веќе искусивме помош од ЕХФ со нив) и Данска да испаднат од трката. Кога веќе Србија како домаќин доби шанса да игра, втор „аутсајдер“ тешко дека ќе добие. За нас, Полска мора да победи два разлика со Германија, што е поверојатно отколку Шведска да ја совлада Данска, чие спортско пријателство секогаш постои кога се потребни бодовите некому. Ако по некоја случајност навистина се случи чудо, по кошаркарите, Македонија и во ракомет ќе запише полуфинале.

Ако победат двата фаворити и Германија и Данска, сигурно сме четврти, што значи намалку осми на стариот континент. Победа над Полска, пак може да ни овозможи и трето место, исто и ако Данска киксне, а Германија триумфира. Тоа во пласманот би било најмалку шесто место. Но победа на Полска може да нè одведе и на претпоследното место во групата (ако Полска победи со поголема гол-разлика), што би значело најмногу 10-то место во пласманот.

Македонскиот репрезентативен спорт многу малку пати успеал да се најде во „топ 10“ на едно големо натпреварување, па така кошаркарите имаат два, историското четврто во Литванија и деветтото во Полска во 2011 година. Во фудбал сè уште чекаме пласман на некое големо натпреварување, како и во одбојка, каде што главен дострел ни бил бараж за пласман на ЕП, додека во ватерполо имаме седмо место од ЕП во Малага.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ