сабота, 27 јули 2024
Македонски министри коментираат од Вилнус

Победа на НАТО, важен настан, реагираат Петровска и Османи по „турската виза“ за Шведска

Објавено на

часот

Сподели

„Единството во НАТО уште еднаш победи. Постигнат е договор и Шведска да биде дел од Алијансата. НАТО семејството се проширува на 32 членки. Побројни, помоќни, пообединети“, напиша министерката Петровска на Фејсбук и сподели фотографија од лидерите на Турција, НАТО и Шведска.

Османи на својот фејсбук – профил напиша дека има одлични вести од Вилнус и дека по членството на Финска, ова е најважниот политичко – безбедносен настан. 

„За време на НАТО самитот се постигна политички договор со кој нашиот сојузник Шведска се приклучува во трансатлантското семејство, продолжувајќи го патот до полноправно членство како 32 земја – членка на НАТО. По членството на Финска, ова е најважниот политичко – безбедносен настан кој не само што значително ја зајакнува моќта на Алијансата, туку и силно ќе влијае на долгорочната безбедност и стабилност на Европа“, напиша Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ