сабота, 19 октомври 2024
За првпат во полза на балкански работници

Победа на Гласен текстилец – 32 работнички добија обесштетување од две странски конфекции

Објавено на

часот

Сподели

„Станува збор за огромна победа која е извојувана во корист на работнички од текстилна фирма од Штип. Успеавме после две години судски постапки и преговори, да објавиме дека странски модни брендови исплатија надомест (парична надокнада) на текстилни работнички од Штип во отсуство на исплата на побарувањата на работниците од страна на македонскиот ‘газда’ во која фирма овие брендови ги шиеја своите парчиња облека“, рече Ампева.

Таа посочи дека заедно со колеги и колешки од Clean Clothes Campaign по две години преговори, успеале на 32 работнички да им бидат исплатени побарувања од износ од скоро 42.000 евра кои се однесуваат на К-15, три плати, испратнини поради откази од деловни причини, како и штета направена на бремена работничка која изгуби право на платено породилно отсуство.

„Ова е нешто што се случува за прв пат во Македонија, па и на Балканот, каде претежно се наоѓаат фирмите кои шијат за странските модни брендови. Ова укажува дека европските брендови се општествено одговорни за разлика од компаниите кои работат во нивниот синџир на производство но ваквите случаи можат да предизвикаат прекин на соработката со неодговорните работодавачи од државите производители. Ова е доказ дека македонските работодавачи кои работат за странски компании не се недопирливи и при вакви случаи можат да се соочат со одредени штетни последици“, рече Ампева.

Таа додаде дека  продолжуваат со ваквите пракси на интернационално застапување во корист на работниците кај странските брендови се со цел почитување на човековите и работничките права на македонските текстилни работници.

„Благодарност до колегите и колешките од Clean Clothes Campaign за целата поддршка и преговори во кои беа директно вклучени со странските брендови. Благодарност до нашите адвокати Донче Стаменков и Антонио Саздов за сите судски постапки и изготвени документи и договори со кои сега Гласен текстилец ги префрла сумите на оштетените работници. Благодарност до колешките и колегата од Гласен текстилец за сега  да имаме прв ваков позитивен случај со кој ја оправдуваме нашата работа како водечка организација во Македонија која ги застапува интересите на работниците во државава, на локално, регионално, национално, а сега и интернационално ниво“, вели Ампева и потсети дека заслуга имаат и медиумите кои известуваа за овие неправди кон работничките.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ