сабота, 19 октомври 2024

Побаран притвор за лице барано со меѓународна потерница

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира ОЈО, странскиот државјанин на 22 јули бил лишен од слобода на граничниот премин Ќафасан-Струга. 

„Белгиските власти го бараат за издржување казна затвор од 3 години и 4 месеци, бидејќи бил осуден за кривичните дела – фалсификување, перење пари, недозволена трговија со оружје, криминално организирање и фалсификување патни исправи, согласно белгиското законодавство“, соопшти ОЈО.

Јавниот обвинител му предложи на судот да определи притвор за странскиот државјанин со оглед на тоа што тој се наоѓа во бегство од државните органи на Белгија и доколку биде пуштен на слобода повторно би можел да стане недостапен за да го избегне издржувањето на затворската казна во таа држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ