петок, 26 јули 2024

По земјотресот во Мароко, Лекари без граници понудија психолошка грижа за погоденото население

На 8 септември, земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Мароко, при што загинаа 2.862 луѓе, а беа повредени околу 6.000. Земјотресот главно го погоди руралното подрачје на планините Висок Атлас, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, и урна и оштети многу патишта. На тој начин пристапот до оддалечените и руралните села стана уште потежок. Како одговор на потребите, тимовите на Лекари без граници овозможија психолошка поддршка за погоденото население, здравствените работници и волонтерите кои работеа на последиците од земјотресот.

Објавено на

часот

Сподели

Веднаш по земјотресот на 9 септември, Лекари без граници испратија тимови за итни случаи со цел да ја проценат хуманитарната и медицинската ситуација во најпогодените области во провинциите Ал Хауз, Тарудант и Чичауа. Пет тимови на Лекари без граници извршија проценка на вкупно 30 локации.

Општо гледано, целосниот одговор од мароканските власти, билатералните партнери и мароканскиот народ беше извонреден. Плановите за менаџирање со итни случаи на мароканското Министерство за здравство, армија и цивилна заштита беа брзо мобилизирани. Инсталирањето на медицинските пунктови, теренските болници и капацитетите за пренос беа клучни во гарантирањето на итен медицински и хуманитарен одговор во многу краток временски рок.

„Видовме уништени цели села, урнати патишта и прекин на струјата“, објаснува Фузија Бара, медицинска сестра на Лекари без граници која беше дел од првите тимови на Лекари без граници во Мароко. Освен ова, мароканските власти, со поддршка на одредени влади, успеаа да ги извадат луѓето од урнатините, да ги лекуваат повредените, користејќи хеликоптери за транспорт на повредените од најоддалечените области, како и да дистрибуираат храна и други потребни залихи на погодените“.

Тимовите на Лекари без граници ја забележаа сеопфатноста на одговорот на мароканската влада и најдоа многу малку празнини. Дополнително на оваа проценка, помеѓу 12 и 17 септември, тимовите на Лекари без граници направија шест донации како одговор на специфичните потреби на здравствените центри или болниците. Овие таргетирани донации беа координирани со мароканските власти. Тие содржеа медицинска опрема и лекови, како лекови за инјектирање, аналгетици, антибиотици, инсулин и медицинска опрема.

На луѓето најтешко погодени од оваа криза итно им е потребна психолошка поддршка. Ова вклучува тимови за потрага и спасување и волонтери кои ќе бидат во првите редови. Тимовите на Лекари без граници разговараа со десетици потресени жени и мажи во силно погодените области на сите проценети места. Повеќето од нив изгубиле роднини или пријатели или ги виделе нивните домови и села срамнети со земја. Некои сеуште чекаат да се најдат телата на нивните најблиски, целосно свесни дека речиси не постои можност тие да се живи.

„Ќе обезбедиме активности за ментално здравје и психолошка прва помош, како и поддршка на локалните организации и засегнатите луѓе и на работниците од првата линија, главно преку мрежи на марокански психолози, социјални работници, здравствени промотори и други волонтери“, објаснува Фузија Бара.

Главните активности на Лекари без граници ќе вклучуваат и поддршка на медицинските и парамедицинските тимови на мароканското Министерство за здравство, водење кампањи за промоција на здравјето и менталното здравје, како и обука и поддршка на локалните групи за психолошка прва помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ