петок, 17 јануари 2025

По враќањето на премиерот од САД ќе има средба на Владата и Синдикатот

Средбата меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ ќе се реализира откако премиерот Христијан Мицкоски ќе се врати од официјалната посета на САД, велат од Владата.

Објавено на

часот

Сподели

„Премиерот Христијан Мицкоски веднаш по враќањето од официјалната посета на САД ќе ги прими претставниците на синдикатот и ќе се дискутира за изнаоѓање на решение кое ќе биде од полза на работниците и исполнување на нивните права“ велат од Владата.

Оттаму велат дека стремежот на Владата е да се изнајде решение кое ќе биде во насока на подигнување на стандардот на работниците во согласност со буџетските можности.

„Добро е што лидерите на УПОЗ прифаќаат дијалог наместо рестриктивни и избрзани мерки како протест без да бидат исцрпени можностите за дијалог и изнаоѓање на конечни решенија“, велат од Владата.

Вработени во дел од министерствата, Државниот завод за статистика и Државниот архив веќе четири дена одржуваат получасовен предупредувачки протест барајќи додатоци на плата од 30 проценти и потпишување на колективни договори.

Денеска од протестот што се одржа пред Министерството за финансии, преставниците на Синдикатот на УПОЗ информираа дека доставиле барање за средба со Владата, а доколку не се постигне договор не се исклучуваат порадикални чекори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ