сабота, 27 јули 2024

По вработените и челниците на Филхармонија против вдомувањето на џез оркестарот во нивната зграда

Објавено на

часот

Сподели

Како што пишува во дописот испратен до Владата и до министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, УО на Македонска филхармонија на итната седница одржана на 25 март годинава едногласно усвои протестно писмо со кое се придружува на вработените во оваа институција.

„УО го поздравува формирањето на оркестар за џез музика, но најостро ја осудува одлуката овој бенд да биде сместен во ист објект со филхармонијата. Напоменуваме дека проектот и изградбата на објектот на НУ Македонска филхармонија е наменски изготвен според стандардите и потребите на еден симфониски оркестар. Сите простории во објектот имаат своја функционалност и намена. Во објектот не само што нема дополнителен и неискористен простор, туку се соочуваме и со немање доволно простор за добро функционирање на одредени позиции“, пишува во реакцијата на Управниот одбор.

Вработените добија поддршка од директорката на оваа национална установа, Тина Иванова, но сепак таа нагласува дека тие не биле добро информирани околу тоа каде ќе егзистира новиот оркестар. Таа не се согласува вработените своето незадоволство да го изразат со јавен протест.

„Почитувани, по повод револтот на членовите на оркестарот и на вработените во Филхармонијата предизвикан од владината одлука за сместување на новата државна културна установа Национален оркестар за џез музика во просториите на Филхармонија, повторувам дека лично силно го поддржувам институционализирањето на џез орекстарот, за што години наназад сум се залагала и лично сум учествувала за негова афирмација. Притоа, ги разбирам и природно сум со колективот каде што поради неинформираноста дека националниот оркестар за џез музика ќе егзистира во зградата на филхармонијата во кој реално нема соодветни услови за две институции, се јави загриженост за загрозување на работниот процес на Филхармонија. Во исто време укажувам дека не се согласувам револтот да се искажува со јавни протести надвор од установата, па дури и политизација на ситуацијата која, прво, не кореспондира со елементарната функција на филхармонијата“, пишува Иванова.

Таа е убедена дека сите инволвирани институции ќе го најдат најсоодветното решение.

Вработените во националната установа Македонска филхармонија се против одлуката на Владата за вдомување на новоформираната национална институција Оркестар за џез музика во нивниот објект, објектот на Националната установа Македонската филхармонија. Петицијата потпишана од 108  од вработени во филхармонија беше испратена до министерката за култура и до претседателот на Владата со барање да се промени одлуката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ