сабота, 27 јули 2024

По влажни коловози сообраќајот низ државава

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Снег, кој не се задржува на коловоз, има од Лисец до Попова Шапка, известуваат од ЈП „Македонијапат“.

Објавено на

часот

Сподели

Од јавното претпријатие посочуваат дека по засеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.

ЈП „Македонијапат“ апелира внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и приспособување на брзината спрема условите на патот.

Оттаму, известуваат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ