Од јавното претпријатие посочуваат дека по засеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.
ЈП „Македонијапат“ апелира внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и приспособување на брзината спрема условите на патот.
Оттаму, известуваат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.