четврток, 26 декември 2024

По видеото со обезглавување, Украина ја спореди Русија со ИСИС

Објавено на

часот

Сподели

„Има нешто што никој во светот не може да го игнорира – колку лесно те убиваат овие ѕверови“, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски во видеопораката.

„За сѐ ќе има законска одговорност. Поразот на теророт е неопходен“.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба исто така рече: „Ужасна снимка од руски војници како обезглавуваат украински воен заробеник кружи на интернет. Апсурдно е Русија, која е полоша од ИСИС, да претседава со Советот за безбедност на ОН“, рече тој, мислејќи на руското претседателствување со Советот за безбедност овој месец.

„Руските терористи мора да бидат исфрлени од Украина и од ОН и да одговараат за нивните злосторства.“

Кремљ за снимката рече дека е „грозна“ и декамора да се потврди нејзината автентичност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ