среда, 23 октомври 2024

По тричасовна средба Нетанјаху го поддржал мировниот предлог на Америка

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху денес, по тричасовна средба со шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен во Ерусалим, го поддржал најновиот американски предлог за прекин на огнот во Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Предлогот, чија цел е премостување на јазот меѓу двете страни, им беше претставен на Израел и на палестинската организација Хамас на крајот на дводневните преговори преку посредниците, САД, Катар и Египет со израелската делегација минатата недела во катарската престолнина Доха.

„Премиерот ја повтори посветеноста на Израел на ажурираниот американски предлог за ослободување на нашите заложници кој ги зема предвид израелските безбедносни потреби, на кој премиерот цврсто инсистира“, се наведува во соопштението на кабинетот на Нетанјаху.

Хамас синоќа ја отфрли американската формула, пренесуваат медиумите.

Палестински Хамас не учествуваше во разговорите во Доха, но беше во контакт со преговарачите и синоќа изрази длабоко незадоволство од најновиот предлог.

Посетата на Блинкен на Израел, неколку дена пред новите преговори кои се очекуваат оваа недела во Египет, доаѓа среде стравувања дека конфликтот би можел да се прошири во поголема регионална војна по убиствата на главните палестински и либански команданти за што Иран го обвинува Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ