сабота, 22 март 2025
Семејството на загинатата девојка бара правда и се сомнева на поткуп

По три години правна битка за смртно прегазената Теодора, судењето утре се враќа на почеток

„Сестра ми загина во сообраќајка пред три години, а ние уште не можеме да ја добиеме правната битка. Тешкотијата дека неа ја нема ни е уште поголема со нашиот сомнеж дека постои поткуп кај вишиот јавен обвинител Вјолца Елмази и не можеме да добиеме барам правда за оваа ненадоместива загуба“. Со овие зборови и со солзи во очите Ева Ристовска, сестрата на Теодора Ристовска која беше прегазена и почина на 23-години откако во неа удри возач со БМВ, ги споделува тековните правни случувања и судската битка која ова семејство ја води веќе две години.

Објавено на

часот

Сподели

Семејството на смртно прегазената девојка бара одговорност за неправдата за овој судски процес. Теодора Ристовска на 15 август 2022 година трагично го загуби животот на пешачки премин. Според обдукциоскиот наод, таа се здобила со тешки телесни повреди, а нејзината смрт настапила како резултат на крварење во мозокот што довело до нарушување на витално важен огран и фатален исход. Обвинетиот Менсур Пајазити кој со возило удри во девојката од Основиот суд во Тетово бил осуден на затворска казна од 3 години и шест месеци.

„Иако ниту една казна не може да ја надомести загубата на Теодора, барем сметавме дека оваа пресуда беше праведна. По првичната долга пауза помеѓу првото и второто рочиште судот почна побрзо да ги закажува рочиштата, спротивставувајќи се на обидите на одбраната да ја одолговлекува постапката. Обвинетиот од почеток тврдеше дека не се чувствува виновен, а неговата одбрана најави вештачење за да ја докажело неговата невиност. Но, откако судот ги изведе сите докази одбраната го повлече барањето за вештачење и се изјасни дека обвинетиот го признава делото“, вели сестрата на починатата девојка.

Таа додава дека од тука започнува неправдата која денес ги оставила без одговори.

„Првото рочиште беше закажано на 7 јули, 2023 година, па следното на 8 ноември дури по 4 месеци пауза. Тоа е сериозно одолговлекување на постапката. Обвинетиот барал од Апелацискиот суд Гостивар да добие условна казна, а Вишото јавно обвинителство на почетокот со писмен предлог побарало жалбата да биде отфрлена како неоснована. Но, пред самото судење во Апелациониот суд обвинителството го менува својот став и наместо да се залага за одржување на првичната казна, предложи делумно уважување на жалбата на обвинетиот и изрекување на поблага казна. Како резултат на ова Апелациониот суд ја намали казната од 3 години и 6 месеци на 2 години затвор, повикувајќи се на олеснителни околности“, додава Ева Ристовска.

Таа појаснува дека сомнежите на семејството се дека постои поткуп и некаков договор на вишиот обвинител кој наместо да биде на нивна страна како оштетени, тој застанал на страната на обвинетиот.

Обвинетиот до денес не поминал ниту еден ден во затвор, а Врховниот суд го уважил неговото барање за повторено судење кое почнува утре во Тетово. За оваа одлука оштетеното семејство дознало преку медиумите.

За ние, велат уште поболно е што по три години повторно се враќаат на почеток, а со тоа им се нанесува дополнителна болка.

Теодора беше тешко повредена кога на 15 август 2022 година во неа удри автомобил БМВ управуван од тогаш 49-годишниот Менсур Пајазити од Голема Речица. На 18 август таа им подлегна на повредите во Клиничкиот центар во Скопје.

Се соменуваме на поткуп за вишиот јавнен обвинител од Апелациониот суд , бидејќи не ни кажа зошто бара да му се ублажи казната.

К.Д.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ