среда, 30 октомври 2024

По три часа се чека за да се влезе во Македонија преку Евзони

На пеколното сонце, кога во термометарот во автомобилите покажува дека надвор температурата е искачена на 43 степени Целзиусови, километарски колони возила лазат кон граничниот премин Евзони од грчка страна, за влез во Македонија.

Фото: МКД.мк

Објавено на

часот

Сподели

Ретко кој од возачите се осмелува да излезе од автомобилот доколку има клима – уред, а некои се жалат дека можат да останат без гориво ако колоната возила не се забрза. Факт е дека возилата со вклучена клима трошат повеќе бензин. Тие велат дека имаат мали деца и дека мора да го разладуваат автомобилот.  Оние што немаат кллима уред во возилото, со отворени прозорци се обидуваат да фатат ветре, но попусто.

Фото: МКД.мк

Никој нема одговор дали чекањето е заради огромниот број возила, особено од Србија и Македонија, имајќи предвид дека е викенд на половина од месецот, кога се прави смена на годишноодморците, или има технички проблеми кај грчките погранични служби.

Камерите инсталирани на Богородица пак, покажуваат дека фреквенцијата на возила не е така голема за влез во Грција, како што е тоа случај со Евзони, во обратниот правец.

Фото: Камера на Богородица

Тие што решиле да заминат за Грција, во најголем број, дел од нив викенд – туристи, тоа го сториле уште вчера, или порано денеска.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ