сабота, 27 јули 2024
Избори 2024

По средбите со дијаспората, лидерите на Вреди отидоа во Приштина кај Курти, оттаму во Гостивар

Претседателскиот кандидат на коалицијата Вреди, Арбен Таравари и лидерите на партиите кои ја сочинуваат коалицијата, Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити, заедно со претставникот на ксоовско Самоопределување, Беким Ќоку, имале средба во Приштина со косовскиот премиер Албин Курти.

Објавено на

часот

Сподели

„По големите, величествени собири со албанската дијаспора, дојдовме во Приштина поканети од премиерот на Косово Албин Курти. Неговата поддршка за нашата коалиција на овие избори е безрезервна, не само од него, туку и од секој пратеник, министер, па дури и последниот активист на Движењето Самопределување”, напиша Таравари во објава на Фејсбук.

На средбата присуствувал и Беким Ќоку од косовското Самоопределување, кој е и на листа за пратеник на коалицијата.

Таравари посочува дека промената што била направена на Косово со премиерот Курти е евидентна и ја чувствуваат граѓаните на Косово, а промена, нагласува, мора да се направи и во Македонија.

„Затоа што, навистина, Албанецот од Северна Македонија заслужува да живее, подостоинствен живот, заслужува да биде достоинствено претставен, а оваа промена ќе ја овозможи коалицијата Вреди“, наведува Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ