сабота, 27 јули 2024

По смртта на Раиси, првиот потпретседател на Иран Мохамад Мохбар ја презема функцијата претседател

Првиот потпретседател на Иран Мохамад Мохбар ќе ја преземе должноста шеф на државата до изборот на нов претседател, изјави денеска портпаролот на иранскиот Совет на чувари на Исламската револуција Хади Тахан Назиф.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот изјави дека врз основа на иранскиот Устав, претседателски избори треба да се одржат во рок од 50 дена, пренесе иранската агенција ИРНА.

Тахан Назиф изјави дека нема да има правни проблеми во Иран по смртта на претседателот Ебрахим Раиси во хеликоптерската несреќа.

Хеликоптерот со претседателот Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан се урна вчера на северозападот на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште седум лица.

Три лица кои загинаа во хеликоптерската несреќа во северозападен Иран се идентификувани, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Загинаа имамот во градот Табриз ајатолахот Мохамад Али Ал-е Хашем, началникот на иранската провинција Источен Азербејџан генерал Малек Рахмати и командантот на единицата за заштита на претседателот Сардар Сејед Мехди Мусави.

Загинаа и одреден број телохранители и екипаж на хеликоптерот кои сè уште не се идентификувани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ