петок, 18 октомври 2024

По смртта на младата пациентка од крлеж, 29 лица се под медицински надзор

Објавено на

часот

Сподели

Здравствениот надзор треба да трае 14 дена поради можност од пренесување на болеста по контакт со заразено лице, а не само преку каснување од крлеж.

„Во овие 14 дена треба да бидат под континуиран здравствен надзор и доколку пројават некакви симптоми да се јават на лекарски преглед. Пожелно е да бидат дома, во домашни услови, затоа е и здравствениот надзор и затоа се издаваат овие решенија. Вкупно се 29 луѓе од кои 23 се здравствени работници, а шест се од потесното семејство“, изјави д-р Рената Младеновска, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Младата пациентка од Штип починала во четвртокот на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Таа била во сериозна тешка здравствена состојба. За нејзината болест нема лек, изјави директорката на клиниката, д-р Милена Стевановиќ. Таа вели дека не секој крлеж може да пренесе болест и не секое каснување од страна на ваков заразен инсект има иста клиничка манифестација.

„Со каснувањето од крлежот, влезен е инфектот. И тука се завршила приказната. Дали таа самата го вадела крлежот или пак некој од семејството, дали е дојдена во институција за да се извади крлежот – апсолутно нема никаква разлика повеќе. И тоа не може да се спречи. За жал, за оваа болест нема специфичен лек кој може ја лекува туку третманот се состои исклучиво од симптоматска и супортивна терапија“, изјави д-р Стевановиќ.

Во Македонија ретко се јавува оваа болест, но здравствените лица постојано предупредуваат на внимателно движење во шумски предели. Лекарите препорачуваат сите оние кои ќе бидат каснати од крлеж да го вадат на лекар, а не сами, бидејќи постои огромна можност делови од него да останат во телото на каснатото лице и тоа да предизвика дополнителни здравствени проблеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ