недела, 20 октомври 2024
Добил богат предлог

По шокантниот отказ од клупата на Италија, Манчини ќе стане најплатениот тренер во светот?!

Објавено на

часот

Сподели

Од Италија синоќа пристигнаа изненадувачки информации, Роберто Манчини решил да го напушти селекторското столче на „аѕурите“.

Имаше многу претпоставки зошто стратегот се решил на еден ваков шокантен потег, а се чини дека главниот мотив е богатата понуда од Саудиска Арабија.

Како што пренесува Газета дело Спорт, Арапите му нудат 40 милиони евра по сезона на Роберто Манчини за да стане нов селектор, односно тригодишна соработка тешка 120 милиони евра.

Весникот вели дека преговорите се толку напредни што потврда може да стигне во следните 48 часа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ