вторник, 10 декември 2024

По речиси еден месец, нов протест за повисоки пензии на пензионерите од Тетово

Нов протест на пензионерите од Тетово вечерва имаше на градскиот плоштад по три недели мирување, од кој повторно побараа повисоки пензии. Пензионерите порачаа дека пензиите сега уште повеќе треба да се зголемат линеарно и тоа да биде 5000 денари поради повисоките цени на храната. Исто така сметаат дека минималната пензија треба да биде 20 илјади денари.

Објавено на

часот

Сподели

„Со тоа покачување од 5,3 отсто уште еднаш ја докажаа нивната арогантност, нѐ понижија нѐ потценија. Сакаа да не фатат на кондиција ама и во тоа не успеаа. Се служат со лаги, велат некој манипулира со нас. А ние се изјаснивме дека овие протести не се партиски. Партија и политика не нè интересираат. Ние се бориме за нашите права, а тоа е да ни овозможат достоинствен живот. Не гледаат во очи и не лажат. Бараме линеарно зголемување на пензиите бидејќи инфлацијата ги изеде тие 3500 денари. Кога има за нив 78 отсто покачување и 400 евра кои ги најавија од 1 јануари, епа ќе мора да има и за нас. Муницијата не е уште потрошена, се ближат избори. Знаат дека ние сме најголемата гласачка машина. Тогаш ќе го употребиме нашето најголемо оружје пенкалото“, истакна во обраќањето кон пензионери Ленче Симовска.

Координаторот на републичкиот иницијативен одбор за протести на пензионерите Драган Угриновски за прв пат дојде во Тетово да им даде поддршка на пензионерите.

„Бараме задолжително присуство во работната група која работи на методологијата на пакетот, најмалку двајца наши претставници. Иако тие не одбиваат, работат нешто зад затворени врати, веќе два месеци не излегуваат со никакви предлози и никакви пакети. Ќе бараме и нивна оставка, истакна во обраќањето пред насобраните пензионери“, Драган Угриновски.

Тетовските пензионери најавија и порадикални протести.

„На 12 октомври во четврток ќе го блокираме влезот на Тетово во 9 часот утрото кај Монопол. Ова е пријавено и во полиција“, најави Ленче Симовска.

Во текот на летните месеци пензионерите се собираа во кругот на Здружението на пензионери, јавно протестираа и бараа повисоки пензии. Од 7 до 15 септември одржаа и неколку протести и на градскиот плоштад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ