сабота, 4 јануари 2025

По првото полугодие од кумановските училишта се отпишале 174 ученици

Во првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици, соопштија денеска надлежните од секторот за образование на општина Куманово. Најголем процент од отпишаните ученици се од поголемите, централни училишта од Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Градот, иако е најголема општина во државата според бројот на население, со 20 училишта е и со најголем број ученици, сепак не го одминува бранот на отселување особено кон западноевропските земји.

„За жал, овој тренд не застанува и во споредба со минатата година како да бележиме благо зголемување на отписот на учениците до крајот на првото полугодие. Тоа е глобален проблем, особено на Балканот. Можеме да констатираме дека училишните клупи се празнат така што родителите заминуваат на привремена работа и потоа си ги повлекуваат и учениците ги отпишуваат и запишуваат во училиштата каде што ќе се преселат да живеат“, изјави раководителот на секторот за образование Александар Јовановиќ.

Минатата 2024-та во првото полугодие се отпишаа 131 ученик од вкупно 20 основни и средни училишта.

„Со години наназад, една деценија веќе се соочуваме со проблемот, иако претходно беше проблем во вид на внатреопштинска миграција, од руралните средини кон централното подрачје, сега се соочуваме со друг проблем, кој сè повеќе зема замав, миграција на населението од Македонија во западноевропските држави“, изјави Јовановиќ.

Според последниот попис во државата, Куманово има 98.104 жители.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ