вторник, 5 март 2024
Не стивнуваат реакциите по разрешувањето на Дамева

По правната фела, реакција и од пратенците, зошто е разрешена претседателската на Судскиот совет, Весна Дамева

Објавено на

часот

Сподели

Пратеникот Мартин Костовски од СДСМ не сакаше да ги коментира случувањата во Судскиот совет, но рече дека таквото однесување е негативно.

„Републичкиот Судски совет е независна институција и мислам дека прашањето за оваа ситуација треба да го поставите таму. Јас сум пратеник од СДСМ и не сакам да навлегувам во коментирање и анализа на едно независно тело“, рече пратеникот Костовски.

Ние, додаде тој, правиме се во овие изминати години колку сме на власт да може и во пракса граѓаните да почувствуваат што значат европски манири, навики и однесување.

„Лично како Мартин Костоски можам да го оценам како негативно таквото однесување, меѓутоа за подетални информации ќе мора да прашате во ова независно судско тело“, рече пратеникот. 

Пратеникот од БЕСА Фадил Зендели вели дека тоа што се случува во Судскиот совет е скандалозно и дека се случува под влијание на власта.

„Целава работа е од кои причини и кои политички влијанија ова се случува. Се гледаше дека не е во согласност со одредбите како функционира оваа институција“, рече пратеникот Фадил Зендели од Беса.

Тој смета дека тоа се случило за да се одбранат судиите кои длабоко се во служба на политиката.

Одредени судии, како што вели Зендели, особено во Апелациониот суд си земаат право да амнестираат високи функционери од минатото под политички притисок.

„Тоа не смее да се случува а се повторува“, вели пратеникот посочувајќи дека тоа се случува под влијание на власта. 

Правосудството, смета Зендели, треба целосно да се реформира.

Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека она што се случи вчера во Судскиот совет е преседан и реприза на она што се случи на 27 април пред шест години во ова Собрание кога му се презеде столчето на Трајко Велјановски кој во 18 часот ја заврши седницата.

„Ја презедоа неговата улога, си ја продолжија седницата и од ден денеска ние така функционираме – насилно. Кога насилството ќе го почувствуваат на својот грб овие денес што се на власт тие тогаш реагираат. Затоа немаме никакво сочувство за нив“, рече Стојаноска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ