сабота, 27 јули 2024

По повод празникот денес граѓаните ќе можат бесплатно да паркираат во делови од Скопје

По повод Денот на народното востание  против фашизмот 11 Октомври, денеска во Скопје јавните паркиралишта ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од ЈП „Градски Паркинг“ Скопје, јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), каде што продолжува со  редовно работно време 09:00 – 16:00 часот, додека, пак, јавните паркиралишта: Дом на печат, Народен фронт, АМСМ, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00:00 до 24:00 часот.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на сите граѓани им го честита 11 Октомври. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ