петок, 26 јули 2024

По повеќе од една година, Дани Алвеш излезе од затвор откако плати милион евра

Легендарниот бразилски фудбалер, Дани Алвеш по една година и два месеци излегува од затвор откако денеска беше уплатена бараната сума од еден милион евра.

Објавено на

часот

Сподели

Излегувањето на Алвеш од затвор беше одложено на неколку денови затоа што привично се очекуваше таткото на Нејмар да ја плати сумата, но откако тој одби беше потребно некое време за бразилскиот фудбалер да дојде до потребните пари од друг извор.

Дани Алвеш ќе биде на слобода, но неговиот случај уште не е завршен. Неговата страна бара ослободителна пресуда, а обвинителот уште поголема казна, девет години затвор.

Алвеш беше осуден на четири и пол години затвор за силување на девојка во ноќен клуб во Барселона. Покрај затворската казна беше пресудено тој на жртвата да ѝ плати и 150.000 евра.

Додека не биде донесена конечната одлука од страна на судот, Алвеш не смее да ја напушти Шпанија. Тој ги предаде двата свои пасоши, бразилскиот и шпанскиот. Дополнително не смее да се доближува на километар до жртвата.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ