четврток, 26 декември 2024

По повеќе од 50 години започна целосната реконструкција на салата на КК Работнички (ФОТО)

Денеска и официјално започна реконструкцијата на салата на Работнички која треба да ги исполнува сите стандарди на ФИБА и да биде готова до почетокот на следната сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Салата која е изградена во далечната 1970 година веќе одамна не ги исполнува стандардите за натпреварување ниту во домашното првенство, па Работнички своите мечеви ги игра на Кале.

Тимот од „Градски парк“ во следната сезона ќе се врати во својата сала која овојпат ќе има поинаков, модерен лик.

Капацитетот нема да биде променет, ќе биде поставен нов паркет кој ќе биде поместен кон централната трибина за да се задоволат стандардите на ФИБА за имање на најмалку два метра простор од сите страни.

„Салата ќе биде модернизирана и целосно прилагодена за тренинзи и врвни спортски настани. КК „Работнички“ заслужува вистински дом, а со оваа реконструкција Општина Центар тоа ќе го обезбеди за својот најтрофеен клуб, отворајќи нови можности за успеси и давајќи поттик за понатамошен развој и подем на македонскиот спорт“, велат од општина Центар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ