Дел од скопските населби синоќа останаа без струја, а причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија, според ЕВН Македонија, биле два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.
Во утринската информација од ЕВН Македонија беше посочено дека нивни екипи работеле цела ноќ за да го поправат дефектот кој настанал како резултат на вчерашното силно невреме.
Невремето што синоќа зафати делови од главниот град предизвика повеќе штети – паднати дрвја, оштетени автомобили, кровови, поплавени домови..