среда, 25 декември 2024

По повеќе децении активиран членот 99, Израелците тврдат дека шефот на ОН му се заканува на светскиот мир

Израелскиот министер за надворешни работи го нарече генералниот секретар на Обединетите нации „закана за светскиот мир“ откако Антонио Гутереш за првпат во својот мандат го активираше членот со кој го повикува Советот за безбедност да ја спречи хуманитарната катастрофа во Појасот Газа. Огромниот број убиства во Газа и во Израел во релативно краток временски период ја поттикна одлуката на Гутереш во писмото до Советот за безбедност да се повика на членот 99 од Повелбата на ОН, првпат откако ја презема функцијата во 2017 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Соочен со сериозен ризик за колапс на хуманитарниот систем во Газа, го повикувам Советот за безбедност да помогне во спречување хуманитарна катастрофа и апелирам на прогласување хуманитарен прекин на огнот“, објави Гутереш на Икс (Твитер). Членот 99 му овозможува на генералниот секретар да го сврти вниманието на Советот за безбедност на „кое било прашање кое, според него, може да го загрози одржувањето на меѓународниот мир и безбедноста“.

Израелскиот министер за надворешни работи Илај Коен остро го критикуваше потегот на Гутереш. „Мандатот на Гутереш е опасност за светскиот мир. Неговото барање за активирање на членот 99 и повикот за прекин на огнот во Газа претставува поддршка на терористичката организација Хамас и одобрување на убиствата на постари лица, грабнување бебиња и силување жени“, порача Коен на Икс.

Според ОН, генералните секретари со децении не се повикале на членот 99.

„Ги повикувам членките на Советот за безбедност да извршат притисок за да се избегне хуманитарна катастрофа. Го повторувам својот апел да се прогласи хуманитарен прекин на огнот. Тоа е итно“, се наведува во писмото во кое Гутереш истакнува: „Цивилното население мора да биде поштедено од поголема штета“.

Не постојат директни последици од повикувањето на членот 99. Но, треба да се очекува дека оваа недела ќе се сретне Советот за безбедност за да расправа за тоа прашање и ќе биде присутен и Гутереш. Вообичаено е членките на Советот за безбедност самите да одлучуваат кои прашања ги сметаат за закана за светскиот мир и според тоа ги ставаат на дневниот ред.

До сега најмоќното тело на ОН донесе резолуција за војната во Газа, но е поделено. Израелската војска од 7 октомври во Газа убила над 16.200 луѓе. Оваа бројка не може независно да се провери, но набљудувачите на ОН истакнуваат дека бројките на властите во Газа во минатото се покажале како веродостојни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ