петок, 26 јули 2024
Предлог на Европскиот сојуз за промени

По пошта дома да се доставуваат личните документи на граѓаните за да нема гужви

Коалицијата на албанскиот опозициски блок – Европски сојуз за промени денеска побара МВР во соработка со Пошта да ги доставува личните документи до домовите на граѓаните за да се елиминираат долгите редици за вадење на документите. Саранда Имери, претставничка на Европскиот сојуз за промени, посочи дека на Албанците во земјава и покрај Законот за употреба на албанскиот јазик не им било дозволено да извадат пасош на албански јазик, и како што рече, албанските граѓани што мора да патуваат во странство биле должни да извадат пасош на македонски јазик.

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа корумпирана влада нѐ враќа во времето на комунизмот кога на Албанците им беше ускратено секое право. За жал, албанските граѓани што мора да патуваат во странство се должни да извадат пасош на македонски јазик. Овие редици не се случајни, ова се прави така што албанскиот граѓанин треба да повика некој да интервенира и на тој начин Владата да го услови за уште еден глас“, рече Имери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ