Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, мазутот ќе се продава по цена од 44,996 ден/кг.
Малопродажните цени на Еуросупер БС-95, на Еуросупер БС-98, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти.
Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 81 денари за литар, Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар, дизелот по цена од 80,5 денари за литар, а нафтата за домаќинствата по цена од 80 денари за литар.