сабота, 26 октомври 2024
Преспа форум за дијалог во Струга

По пет години, Преспанскиот договор значи стабилност и добрососедски односи во Југоисточна Европа

Објавено на

часот

Сподели

Милановиќ укажа на потребата државите од Западен Балкан час поскоро да бидат присоединети кон ЕУ.

Тој критички зборуваше за самите институции на ЕУ за кои рече дека е тешко да се каже дека се демократски. „Дури и Европарламентот не е демократска институција бидејќи не ги почитува стандардите на парламентарната демократија. ЕУ страда од хроничен недостаток на отчетност“, рече меѓу другото Милановиќ.

„Јас една деценија бев лидер на многу либерална социјалдемократска партија. Ние бевме застапници на човековите права, сигнализиравме доблести…Сега сум претседател на демократска република, свесен за сите нејзини недостатоци. Живееме во несовршена средина. Не сум покажувал некаков интерес за Русите, сум нудел и хрватски пасоши на бројни противници на Путин како Гари Каспаров. Проблемот не е Путин, тоа сме ние, тоа се стандардите што ние ги поставуваме, тоа е отчетноста на ЕУ, отчетноста кај сите оние кои постојано зборуваат за некакви вредности, кај оние кои треба да им објаснат на луѓето како се уште постои смртна казна во САД, за која се вели дека всушност и не е смртна казна туку закана дека можете да бидете убиени доколку направите престап против државата“ рече Милановиќ.

Како пример за недоследност уште посочи на некакви забелешки за изборите во Албанија или Црна Гора каде, како што рече, се спроведуваат совршени изборни процеси, наспроти она што се случуваше со изборите во САД.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај, од своја страна смета дека од форумот треба да ја пренесе пораката дека без разлика на геополитичките премрежја иднината на овој регион ќе биде во европското и евроатланското семејство.

„Денес е поважно од било кога да ги промовираме вредностите на демократското владеење. Тие што промовираат конфликт треба да направиме да не успеат, бидејќи сме мал регион каде што културите и традициите се целосно испреплетени и има релано можности да се креира позитивна енергија. Балканот има да понуди многу има пружена рака на пријателство кон соседите и сојузниците. Нашите конфликти верувам дека можат да станат наши лекции“, заклучи Бегај.

Тој нагласи дека земјите од Балканот се исправени пред предизвици кои бараат ангажираност во национална регионална и меѓународна смисла и оти заедно да работат на решенија и промени.

„Последните години поради геополитичките настани и зголемувањето на моќта на трети недемократски актери се поставува дилемата дали демократија или стабилност“, констатира Бегај.

Осврнувајќи се на темата од денешниот панел, се наврати во времето на комунизот кога неговата држава во период од 50 години имала мир, но не и демократија. Мирот е гарантиран кога земјите имаат демократија.

„По Студената војна имаше оптимизам дека војната нема да биде опција и демократијата победуваше и го зголемуваше просторот низ целиот свет. Само три децении подоцна станавме сведоци на брутална непровоцирана воена агресија на една од членките на Советот на безбедност на ОН на друга членка на ОН. Ефектите на оваа интервенција се многубројни од закана за употреба на нуклеарно оружје, до безбедноста на исхраната, зголемувањ ена цените на енегенсите, глобалната несигурност…, Директно влијание ова има и во нашиот регион на Западен Балкан каде сеуште се обидуваме да изградиме регион каде ќе надвладее климата на соработка и безбедност“, рече Бегај.

„Преспа форумот за дијалот“, нагласи, потсетува на историскиот договор од Преспа и покажува како визионерски храбри лидери преземаат и треба да превземат одговорност. Овој договор го прошири евроатланскиот простор на безбедност, заклучи тој.

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, рече дека хипотетичка е тезата дека демократскиот развој и благосостобата на Балканот е можен доколку земјите од регионот станат дел од ЕУ. Според Милатовиќ, одредени одлуки донесени во минатото покажале дека регионот има способност самостојно да решава проблеми и отворени прашања. Како пример го посочи Договорот од Преспа за кој рече дека решил долгорочен проблем меѓу две земји и покажал дека земјите од регионот се способни сами да ги решат проблемите.

„Она што понатаму отсуствуваше беше натамошен напредок, особено што се однесува на Северна Македонија и нејзиното пристапување кон ЕУ“, рече тој.

За ситуацијата во Украина, Милатовиќ рече дека тоа бил повик за будење во ЕУ, на проширувањето да гледаат како на пополитички, а не само како на технички процес.

Политичка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ, бидејќи местото на сите држави од Западен Балкан е во Европската унија, а регионалните иницијативи се едни од начините на подобра соработка на патот на полноправно членство во унијата, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на сесијата „Искрената регионална соработка го одржува регионот стабилен“ во рамките на „Преспа форумот“, кој втор ден се одржува во Струга.

Посочи дека сите држави од Западен Балкан одат во таа насока и на тој пат бидејќи, како што рече, регионот денеска го има потребниот лидерски потенцијал за носење на такви одлуки. Смета дека треба да се удвојат напорите на земјите на Западен Балкан за да се добие поддршката од европските партнери за да се забрза процесот на интеграцијата.

„Ова го истакнувам од причина што никогаш досега не биле појасни пораките од нашите стратешки партнери од ЕУ дека до 2030 година е можно проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и дека сега практично работата е на нас, како ќе ги движиме процесите во регионот“, вели Ковачевски.

Забележа дека војната во Украина, ја потсети Европа дека на европскиот континент постои геостратегиска празнина и како што рече Ковачевски, не треба да се заборави дека војната во Украина се води на само 700 километри од нашата држава.

Во своето обраќање, Ковачевски истакна дека земјите на Западен Балкан чии определби за влез во ЕУ не се спорни, но секоја од државите имате различен капацитет на отпор кон недемократските тенденции, коишто доаѓаат од надвор, а главно поради различното темпо на демокртизациите на земјите.

„Оваа геостратегиска празнина е отворена врата за ветриштата, кои веќе ја ништат стабилноста на кревкиот Западен Балкан, но со самото тоа и на ЕУ, чијашто црвстина не е само во здружување на економски моќни држави, туку, пред се, во обединувањето на сите држави и големи и мали“, вели Ковачевски.

Порача дека до 2030 година земјите од Западен Балкан мора да направат се за да се тргнат границите со ЕУ.

Македонскиот премиер забележа дека во рамки на Иницијативата на Отворен Балкан и на Берлинскиот процес  работат и ги истакнуваат придобивките од формирање на заедничките регионален пазар, потоа признавање на дипломите, на работните дозволи, олесното движење на луѓе, добра и услугите.

„Но секогаш ќе ја имаме примарната цел, а тоа е соединувањето со европското семејство на народи и држави. Војната на европскиот континент го вклучи алармот дека само обединета Европа заедно со Западен Балкан е стабилна и безбедна Европа се друго е дел од решението, а не и самото решение, што е и потребно на сите нас“, вели Ковачевски.

Порача дека со овој процес треба да се стимулира и затварањето на билатералните прашања, секаде каде што е тоа потребно. Во своето обраќање тој посочи дека добро е што Европа го има Преспанскиот диговор, како добар и функционален договор, којшто промовира решавање на отворени прашања преку отворен дијалог меѓу страните, а без да ги нарушува идентитските определби на една земја.

„Се покажа дека политичките решенија, се и решенија и за економијата, односно дека тешките одлуки функционираат и за економијата во позитивна насока“, вели Ковачевски.

Тој истакна дека токму минатата година нашата држава бележи најмногу странски и домашни инвестиции и највисоко ниво на поддршка на домашните компании за нов циклус за инвестирање, потоа се бележи зголемување на платите, на минималната плата за 100 проценти споредбено од пред пет години, пензииите од над 40 проценти, а ова како што рече Ковачевски, е резулат на постигнатата стабилност во земјава.

Тој се осврна и на соработката со земјите од иницијативата Отворен Балкан, а годинава токму поради добрата соработка со Бугарија, Србија и Албанија се надмина и проблемот со струјата. Поради добрата соработка зголемен е и извозот на стоки од страна на Македонија и Албанија кон Србија, а проблемот со транспортот е надминат. Бројките покажуваат дека се бележи одлична соработка и во делот на турзимот, како и полесно да се работи во овие земји.  Во наредниот период заедничка цел ќе им биде формирање на заеднички регионален пазар, за да се привлечат странски инвестиции, а  со тоа какошто вели Ковачевски земјите од овој регион обезбедуваме поголема конкурентност.

Премиерот Ковачевски порача дека нашата земја се развива и се гради со нови автопатишта, коридори, железнички пруги кон соседните држави, а како што рече, нашата земја од кружен тек станува раксрница на Балканот.

На сесијата „Искрената регионална соработка го одржува регионот стабилен“ во рамки на Преспа форумот за дијалог 2023 во Струга, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ оцени дека унапредувањето на сообраќајната инфраструктура и подобрувањето на меѓусебната поврзаност на земјите од регионот на Западен Балкан е еден од клучните услови за побрз економски развој и приближување кон европските стандарди.

„Не можеме да видиме економски резултати ако првично не воспоставиме мир, стабилност и доверба меѓу земјите на Западен Балкан, потребно е помирување и поголема мобилност на луѓето, дури потоа да добиеме посилни институции и владеење на правото. Ни треба и поголема флексибилност на границите, ние сме земја која 25 отсто од својот БДП го остварува од туризмот и секако дека не е добро на граница да се чека по три часа. Иницијативата за зелените линии на границите се добра работа, луѓето и стоките да не чекаат, затоа што инаку не сме конкурентни со другите пазари. Имаме многу дискусии за Берлинскиот процес и за Отворен Балкан, има 70 регионални иницијативи и тие се алатка да стасате до целта и сакаме да ја искористме и поддржиме секоја од нив што може да им го олесни животот на луѓето“, истакна Абазовиќ.

Премиерот на Црна Гора нагласи дека ЕУ треба да сфати дека ако сака да има поголемо влијание треба повеќе да инвестира во регионот, за да се реализираат конкртетни проекти и да се изгради инфраструктурата со што ќе се подобри и економијата.

„Ако на северот на Црна Гора, на три километри од Косово луѓето немаат пристап, тоа е катастрофа. Исто е и кај мојот роден град каде што сакаме да изградиме мост со Албанија, сакем автопат до Србија за да отворме притсп и народото да може да дојде секаде на брз начин. Мислам дека треба да дејствуваме за ова, а не да зборуваме за она што се случувало пред 10, 20 или 30 години. Не велам дека треба да ја заборавиме историјата и што се случило во минатотот, но треба да го смениме пристапот и да бидеме конструктивни, да не калкулираме со тоа дали ќе имаме поддршка од јавноста на следните избори. Кај кризите што ги искусивме во изминатиот период, мислам дека сите земји добро се справија. Инфлацијата во првиот квартал во Црна Гора е втората најниска во Европа после Белгија, нашето БДП е второ според процентни поени после Исланд. Ги повикувам сите страни да ја заборават политиата од 90-те и да се свртиме кон иднината и да работием на заедничка промоција, заеднички да го промовираме туристичкиот пазар како Западен Балкан“, додаде Абазовиќ.

Во врска со прашањето дали Берлинскиот процес е соодветна рамка регионот да се справи со предизвиците, Абазовиќ оцени дека тој се одвива многу полека, иако се направени извесни подобрувања. Додаде дека за унапредувањето на инфраструктурата, сите земји во регионот се зависни од администрацијата и потребно е побрзо спроведување на проектите, при што и фондот за Западен Балкан, во кој има шест земји, не е искористен доволно.

Се наоѓаме во едно проблематично време, но со основниот договор со Србија за којшто се согласивме за нормализација којашто е фактички фокусирана на заемно и меѓусебно признавање, се надевам дека ќе можеме да ги нормализираме односите и да ја деескалираме ситуацијата на терен, порача денеска од Струга во рамки на Преспа форумот косовскиот премиер Албин Курти.

Во врска со ситуацијата на северот на Косово со четирите општини со мнозинско српско население, Курти рече дека се потребни предвремени избори.

„Давам великодушна понуда четирите градоначалници на север нема да мора да го завршат својот двогодишен мандат до 2025 година, можеме порано да имаме предвремени избори, но мораме да ја подготвиме ситуацијата на терен и тоа значи владеење на правото. Јас нема да ја предадам демократската република на фашистичките ентитети и на криминалните банди“, изјави Курти.

Тој додаде дека општинските згради во четирите северни оптшини и припаѓаат на Република Косово.

„Немам намера да ги контролирам српските заедници, ниту пак општините, но со рачни бомби, со куршуми и со шок бомби не може да се заземе положба на гадоначални“, кажа косовскиот премиер.

За Курти, сите поранешни југословенски републики прогласија независност и тоа, вели, беше независност од Белград.

„Сега ни треба Србија да прогласи независност од Косово, од Северна Македонија, од Хрватска, од Словенија, од Црна Гора, зашто Србија де јуре ја признава нивната независност, но тоа не го прави де факто“, оцени Курти.

Во врска со тројцата уапсени косовски полицајци во Србија, тој го повтори тврдењето дека тие биле „грабнати на територијата на Косово“.

„Сакам да се заблагодарам на Стејт департментот за тоа што побараа веднаш ослободување на тројцата косовски полицајци и ова е начнот на кој треба да продлжиме. Потребно е да се вратат овие полицајци, но исто така потребно ни е меѓународната заедница силно и јасно да ја осуди агресијата на Србија кон Косово, бидејќи со киднапирањето на нашите тројца полицајци, Србија исто така го наруши член 4 од воено-техничката Спогодба од Куманово од 1999, и мислам дека НАТО треба да го осуди прекршувањето на Кумановскиот договор од страна на Србија“, рече Курти.

Според него, за безбедност и сигурност на Балканот многу е важно да се прекине, како што рече, „овој статус на српската армија околу границата и во исто време да се осуди оваа агресија и да се смета како прекршување на Кумановскиот договор“.

Косовската полиција во средата објави дека тројца нејзини припадници биле киднапирани од маскирани лица од Србија, на еден од патиштата во северно Косово, на меѓудржавната граница.. Белград, пак, тврди дека косовските полицајци се уапсени на српска територија, откако навлегле длабоко во централна Србија, а српски медиуми објавија и фотографии од апсењето на униформирани лица кои се наводно косовски полицајци. 

Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) денеска соопшти дека „не била во областа кога српската полиција уапсила тројца косовски полицајци“ и ги повика Косово и Србија веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија. 

Во врска со регионалната соработка, Курти од Струга рече дека за него подобра платформа од Берлинскиот процес нема.

„За мене Берлинскиот процес е регионална соработка. Нема подобра платформа не поддржувам регионални иницијативи, кои се без европски вредности и без европски механизми. Берлинскот процес ги содржи овие две и со нетрпение очекувам да го надградиме Берлинскиот процес и да стане нешто налик на ЦЕФТА“, рече Курти.

За него, ЕУ треба да го продолжи процесот на проширување и тоа треба да оди паралелно со внатрешната консолидација во самата Унија.

Годинешниот „Преспа форум“ е особено важен, бидејќи се означува петтата годишнина од потпишување на Преспанскиот договор, којшто значи траен мир, стабилност и добрососедски односи во Југоисточна Европа, порача во видео обраќањето претседателката на европскиот Парламент, Роберта Мецола. Забележа дека овој договор е единствена политичка платформа, кадешто се бараат решенија и се разменуваат идеи со цел изнаоѓање на заеднички одговори.

-Политиката за проширување на ЕУ е една од најголемите и трансформативни успеси на ЕУ, многу европејци имаат извлечено корист и придобивки од тоа, потенцираше Мецола.

Забележа дека годинава се одбележуваат 20 години од Самитот во Солун, а токму како што вели, во овие години се вложени многу енергија и ресурси од страна на ЕУ и од Западен Балкан за да се пронајде заедничко решение.

„Постигнат е напредок, но многу често напредокот одеше премногу бавно и имаше многу фрустрации, но таму каде што има волја за помирување има и за пат кој оди напред. Западен Балкан го забрза својот пат за приклучување кон ЕУ“, рече Мецола.

Посочи дека во Европскиот Параламент и ова е основната цел, како што рече Босна и Херцеговина доби статус на кандидат, додека граѓаните на Косово не треба да имаат визи за да патуваат во земјите од Шенген зоната.

„Дали она проширено европско семејство до 2030 година е невозможна мисија? Јас мислам дека е мисија, којашто одамно требаше да се случи и затоа треба да ја наречеме завршена мисија. Европскиот Парламент дава трајна поддршка за сите оние коишто сакаат да станат членови на ЕУ“, порача Мецола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ