сабота, 27 јули 2024

По патот Демир Капија – Неготино се вози со променет режим на сообраќај

Објавено на

часот

Сподели

Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека сообраќајот ќе биде пренасочен на Регионалниот пат Р1102.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, се наведува во соопштението.

Од АМСМ со препорака до возачите за прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ